Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повредени пожарникари при гаснењето на фабриката „Макпрогрес“

Повредени пожарникари при гаснењето на фабриката „Макпрогрес“

Најмалку четворица полицајци се повредени по синоќешното гаснење на пожарот во фабриката „Макпргрес“ во Виница позната по производите „Винчини“.

Повредени пожарникари има од Штип, Кочани и Свети Николе. Пожарникарите се заглавиле во стопениот шеќер од фабриката на Винчини. 

Тие влегле во жариштето на пожарот, останале заглавени во лепливата, жешка смеса. Според извори од терен, нивната соодветна заштитна опрема спречила уште потешки последици.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, соопшти дека огнените јазици зафатиле три производни линии означени како 6, 7 и 8, од кои два магацини. 

„Сите три погони имаа сончеви панели на покривот и се целосно опожарени. Благодарение на навремената интервенција на пожарникарите, спасени се линиите од 1 до 5. Во гаснењето учествуваа екипи од Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес. Пожарот е ставен под целосна контрола и нема опасност од негово ширење“, изјави Ангелов. 

Според информациите, спасени се и дел од магацините со готови производи и суровини, со што спречена е поголема материјална штета. 

Слично

Поврзани вести