ПОВРЕДЕНИ ОСУМНАЕСЕТГОДИШНИК И МАЛОЛЕТНИК: Се судриле со автомобилите
Полицијата соопшти дека вчера во 13.50 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на крстосница од регионалниот пат Гостивар – село Чегране и локален пат во село Форино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(18) од Форино и патничко возило „опел зафира“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Гостивар.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Р., а со телесни повреди се здобил малолетниот возач и малолетен сопатник во возилото „опел“, констатирани во Ургентен центар Гостивар, велат од МВР.
Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.
Слично
