ПОВРЕДЕНИ ДЕСЕТ ГРАДЕЖНИЦИ ВО КУМАНОВО: Дел од нив завршија на КАРИЛ
Четворица градежници завршија на КАРИЛ од десетмината кои денеска беа повредени во Куманово.
Уште двајца од десетмината повредени градежни работници се префрлени од Општа болница Куманово на Клиниката КАРИЛ во Скопје.
Работниците се здобиле со сериозни повреди на градниот кош, на белите дробови и на р'бетниот столб.
Тие биле поклопени со мрежа за темели на градилиште.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово, заедно со екипи од крим-техника при Министерството за внатрешни работи и вешти лица вршат увид на локација на улиците „Васко Карангелевски“ и „АВНОЈ“ во Куманово, каде што претпладнево, при изведување градежни работи, беа повредени десет градежни работници.фото Телма
Слично
