Повредени 7 лица во сообраќајки на подрачјето на Скопје
Во текот на изминатиот ден во подрачјето на Скопје се случиле 13 сообраќајки, во кои седум лица се здобиле со полесни повреди, а причинети се и материјални штети.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Триесет и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, осум возачи поминале на крстосница на црвено светло и пет возачи за неправилно престигнувње. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал крстосница на црвено светло.
Од сообраќај биле исклучени еден возач кој го управувал
возилото под дејство на алкохол, 10 возачи пред да се стекнат со право на
управување на моторно возило и еден возач почетник, како и едно технички
неисправно возило и шест нерегистрирани возила.
Во вчерашниот ден вкупно 111 возила се
затекнати непрописно паркирани, а со специјалното возило пајак, отстранети биле 42 возила.
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајната култура на децата во предучилишните установи“ ќе реализира едукативна работилница со децата од средна и голема група во детската градинка „Кул Кидс“ која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.
