Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повредена мечка има на делницата Дебар – Маврово и може да биде опасна

Повредена мечка има на делницата Дебар – Маврово и може да биде опасна

На потегот Јанче - Ростушки мост има повредена мечка која ја удрил автомобил и која може да биде опасна. 

Националниот парк „Маврово” информира за повредена мечка на делницата Дебар – Маврово. Тие апелираат до граѓаните да ги известат надлежните доколку ја забележат. 

„Ги замолуваме спортските риболовци и другите посетители кои ќе се движат на тој потег да бидат многу внимателни бидејќи повредената мечка може да биде агресивна“, објавија од НП „Маврово“.

Автомобил синоќа ја удрил и повредил мечката. 

Слично

Поврзани вести