Повреден возач по излетување на обиколница кај с. Стајковци
Синоќа околу 22:00 часот патничко моторно возило „Хонда сивик“ со скопски регистерски таблици управувано од Д.Г.(19) од Скопје, излетало од патот на обиколница кај село Стајковци и удрило во метален браник и бетонска ограда.
МВР информира дека по незгодата со возило на Итна медицинска помош возачот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Слично
