Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВРЕДЕН ПОЖАРНИКАР ПРИ ГАСНЕЊЕ ПОЖАР ВО ВИЗБЕГОВО - гаснеле дива депонија на која се случила експлозија

ПОВРЕДЕН ПОЖАРНИКАР ПРИ ГАСНЕЊЕ ПОЖАР ВО ВИЗБЕГОВО - гаснеле дива депонија на која се случила експлозија

Пожарникар е повреден при гаснење пожар во Визбегово, информира Центарот за управување со кризи.

- При интервенција на пожар во селото Визбегово, Општина Бутел, во кој гореле дива депонија и сува трева, дошло до ненадејна експлозија, при што е повреден еден пожарникар.

Од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје информираат дека пожарникарот се здобил со повреди на ногата и увото и е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Неговата состојба е стабилна и тој е вон животна опасност - се нагласува во нивната објава.

Од ЦУК додаваат дека причината за експлозијата сè уште не е утврдена. 
- Според првичните претпоставки, можно е да станува збор за експлозија на боца под притисок - посочуваат од Центарот. 



Фото: Архива

Слично

Поврзани вести