Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повреден полицаец во тепачка кај „Три Бисери“

Повреден полицаец во тепачка кај „Три Бисери“

Пред ресторан во ТЦ „Три Бисери“ во скопската населба Аеродром, вчера неколку лица, меѓу кои и полицаец, се повредени во тепачка.

Според информациите на  МВР инцидентот се случил  околу 4 часот кога во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Јане Сандански скопјаните Д.Ј. (31) и В.Ѓ. (27) биле физички нападнати од С.С.(23) и уште три непознати лица.

Двајца полициски службеници, кои минувале во тоа време во близината, се обиделе, откако се легитимирале со службените легитимации да го спречат нарушувањето на јавниот ред и мир. Но С.С. со тупаница удрил еден од полицајците во главата, по што тој возвратил,  а четворицата насилници влегле во автомобил и избегале.

Додека полициските службеници му пружале помош на едно од нападнатите лица дошол Б.С. (50), татко на напаѓачот и физички ги нападнал полицајците. Тој бил приведен, а со Итната медицинска помош Д.Ј. бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде му биле констатирани телесни повреди.

Лесни телесни повреди во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ му се констатирани и на еден од полицајците кој бил задржан на лекување.

За настанот е запознат и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, како и дежурен Јавен обвинител, по чии што насоки се работи на целосно расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести