ПОВОЗРАСНА ЖЕНА ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ВО АВТОБУС НА ЈСП - пренесена во градската болница во Скопје
Тешки повреди доби баба на 84 години откако паднала при возење во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Поради сериозноста на повредите, патничката била превезена во градската општа болница, а увид извршила и полициска екипа.
- На 03.03.2024 во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП на бул.„Видое Смилевски Бато“ паднала патничката Н.Ј.(84) од Скопје, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје - стои во билтенот на МВР.
Слично
