ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СПОРНИ УЧЕБНИЦИ: Децата во четврто одделение нема да одговораат на дискриминаторски прашања
Министерката за наука и образование Рената Дескоска изјави дека учебникот од предметот Општетство за четврто одделение во основните училишта ќе биде повлечен, бидејќи е утврдено дека во него има дискриминаторска содржина.
Учебникот го привлече вниманието на јавноста бидејќи родителите реагирале на социјалните мрежи на задача во која се бара децата да напишат податоци за стапувањето во брак на своите родители. Оваа ставка веднаш е прогласена за дискриминаторна кон семејства со еден родител.
Жалбата ја поднесоа 40 мајки кои живеат како самохрани мајки, но и оние кои се во брачни и вонбрачни заедници.
Според нив, оваа задача ја дискриминира групата родители и деца кои живеат во нетрадиционални заедници: деца од еднородителски семејства, деца на разведени родители, сирачиња, деца кои живеат со роднини, како и деца чиј еден родител починал.
