Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВЛЕЧЕНО ОБВИНЕНИЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ ТАМАРА: Нема да се гонат поранешните директори на ФЗОМ

ПОВЛЕЧЕНО ОБВИНЕНИЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ ТАМАРА: Нема да се гонат поранешните директори на ФЗОМ

Обвинителството одлучи да не ги гони екс директорите на Фондот за здравствено осигурување за случајот со смртта на девојчето Тамара Димовска од Велес.

Денеска го повлече обвинението против тројцата обвинети, Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази како директори на Фондот во тоа време и Елена Трпковска како претседател на управниот одбор кои ги товареше за злоупотреба на службената положба, објави Телма.

За останатите деветмина обвинети доктори кои во тоа време беа членови на комисиите во Фондот и одлучуваа за лекувањата во странство исто така го преиначи делото. Наместо по кривичниот законик за несовесно работење во службата одлучи да ги товари за дело од член 86 – б став 2 во врска со став 1, но од Закон за здравствено осигурување. Со ова преиначување всушност делото застарува па на Кривичниот суд му останува само да донесе решение дека предметот се затвора.

Случајот предизвика огромно внимание во јавноста откако 8 годишното девојче почина во 2015 та година додека во меѓувреме се водеше процедура за да му биде одобрено операција во странство поради тоа што боледуваше од сколиоза. Домашните здравствени институции се изјаснија дека операцијата не може да се изведе во земјава па се чекаше одобрување за да се лекува на државна сметка во некоја од болниците во странство.



Слично

Поврзани вести