Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повлечени златни пластични вилушки од Џамбо

Повлечени златни пластични вилушки од Џамбо

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите за отповикување на небезбеден производ „златни пластични вилушки“ произведени во Кина, со лот бр. AZ-161224.

Информацијата за небезбедниот производ е добиена преку системот РАСФФ на ЕУ. 

„Производот е небезбеден заради наод на високо ниво на вкупна миграција. Веднаш по добиеното известување, надлежен Државен инспектор за храна изврши вонредна инспекциска контрола кај увозникот и согласно презентираната документација за следливост констатирано е дека производот не е најден во промет. Сите потрошувачи кои што го купиле небезбедниот производ може да го вратат на местото каде што го купиле“- велат од АХВ. 

Повеќе информации можете да најдете на веб-страницата на АХВhttp://fva.gov.mk

Слично

Поврзани вести