Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВИСОКИ ПЛАТИ И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МРТ: Септември им носи зголемување за 12,1 отсто

ПОВИСОКИ ПЛАТИ И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МРТ: Септември им носи зголемување за 12,1 отсто

Вработените во Македонската радиотелевизија ќе добијат зголемување на платите за 12 проценти. Зголемувњето ќе се применува уште од септемвриската плата, најавија синдикалните преставници по потпишувањето на договорот со раководството. 

- 12,1% ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МРТ

Успешно завршени преговорите помеѓу раководството на ЈРП Македонска Радио Телевизија и Синдикалната организација при МРТ околу усогласувањето на платите со Колективниот договор.

Анексот на Колективниот договор со кој платите на вработените во МРТ се зголемуваат за 12,1% од септемвриската плата го потпишаа Претседателката на Програмскиот совет на ЈРП МРТ, Смилка Јанеска – Саркањац и Претседателката на Синдикалната организација при МРТ, Слаѓана Миливојевиќ - се наведува во објавата на Сојузот на Синдикати на Македонија на социјалните мрежи.
 

Слично

Поврзани вести