Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повикувал на насилство на Фејсбук, полицијата му го одзеде мобилниот

Повикувал на насилство на Фејсбук, полицијата му го одзеде мобилниот

Полицијата му одзеде мобилниот телефон на лицето В.Ч. (51) откако повикувал на насилство на социјалната мрежа Фејсбук, соопшти МВР.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава за загрозување на сигурност и „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

„В.Ч. вчера беше повикан во ПС Чаир и од него е одземен мобилен телефон. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk“, се вели во известувањето.

Слично

Поврзани вести