„ПОВИКОТ НА АХМЕТИ ЗА УЛИЦИТЕ, Е КРАЈНО ПРОБЛЕМАТИЧЕН“: Силјановска Давкова со критики до лидерот на ДУИ
Професорката Мирјана Најчевска, во синоќешното гостување на Само вистина на Канал5 телевизија, го нарече Ахмети и неговиот говор за повикот за излегување на улица како проблематичен.
„Повикот на господинот Ахмети, повторно за улиците е крајно проблематичен. Еве јас ќе се држам до правото и политичката наука. Која е логиката да прашам, вие да победите на избори, ако не можете сами да составите влада и да си го изберете коалициониот партнер? Па тогаш значи да ги укинеме изборите, па како во предграѓанското општество, така по етнички клуч да бираме. Ако се повикува на Рамковниот договор, и ако го внесоа пазете, покрај преспанскиот, тие го внесоа рамковниот договор, нека го почитува. Таму вели дека граѓанска држава со почитување на правата. Неговиот предлог е неуставен, бидејќи во Уставот пишува кој ја формира Владата и како. Таман работа да се формира влада со двојно мнозинство“, рече таа.
Фото:МИА
