ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повикот истекува в четврток, имало голем интерес за сезонски пожарникари за плата од 24.000 денари

Повикот истекува в четврток, имало голем интерес за сезонски пожарникари за плата од 24.000 денари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција рече дека нема податоци за бројот, но дека интересот е голем за пријавување на повикот за сезонско вработување на 400 пожарникари во 13 општини за плата од 24.000 денари.

Ангелов потсети дека огласот истекува во четврток и дека пријавувањето е во локалните општински центри на Агенцијата за вработување.

„Јавниот повик е во тек, завршува во четврток, ги повикувам сите заинтересирани до четврток да поднесат апликација во локалниот центар за врбаотување каде ќе можат да ги пополнат потребните документи, но и да носат медицинска потврда дека се психофизички здрави.

Од оние лица кои ќе покажат интерес, ќе ги одбереме најдобрите, а потоа најдобрите од нив ќе имаат можност да конкурираат а потоа да бидат примени во новата специјална единица за заштита и спасување , како и во локалните противпожарни единици“, рече Ангелов.

Тој потсети дека за Скопје се потребни 80 нови пожарникари, а пријавувањето се одвива во центарот на општина Кисела Вода.


ad
Слично

Поврзани вести