Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повикани во полиција, рамнеле земјиште на Водно

Повикани во полиција, рамнеле земјиште на Водно

Сопственици на четири земјоделски парцели на Водно се повикани во полиција, затоа што го рамнеле земјиштето и јавноста се сомнева дека незаконски закал да гради објекти на истото. Механизација на расчистување на теренот покрај пешачката патека Словенска која води до Средно Водно.

Земјиштето влегува во Парк шума Водна и во заштитениот дел на планината , барем според медиумите, имал намера да отвора кафуле, па затоа ќе биде казнет.

-Се работи за 4 парцели во приватна сопственост, кои се надвор и од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја. На овие локации не е предвидена никаква градба ниту пак населба. На сопственикот ќе му биде врачено решение итно да го врати земјиштето во првобитна состојба и ќе биде изречена казна. Сопственикот исто така е пријавен во МВР, кое ќе го повика на разговор, смируваат од Општина Центар.

Сопствениците доколку го прекршил законот ќе добијат соодветна кривична пријава, додаваат од МВР, и порачуваат граѓаните да бидат спокојни бидејќи на тоа место нема ништо да се гради.



Слично

Поврзани вести