Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВИК ЗА ПРОТЕСТ: Мајката на исчезнатиот Пино ќе протестира пред Собранието

ПОВИК ЗА ПРОТЕСТ: Мајката на исчезнатиот Пино ќе протестира пред Собранието

Мајката на исчезнатото момче Пино Секoндо организира протест.

Маја Трпковска, мајката на момчето кое исчезна пред 73 дена, организира мирен протест на 25-ти февруари, со почеток од 16.30 часот, пред Собранието.

Вели дека е разочарана од потрагата по нејзиниот син и ги повикува сите кои имаат некој близок кој исчезнал да излезат на мирниот протест во Скопје. Побара да се придружат и граѓаните кои не се чувствуваат безбедни. 

„Јас не се откажувам од потрагата по мојот син, и минувам низ невидена агонија цели 73 дена“, вели Трпковска.

Пино на 10 декември е излезен вечерта и последен пат е виден во скопската населба Ѓорче Петров околу 22 часот. Излезен бил со бел автомобил марка „Шкода" со регистерски таблички SK1566AP.

Во Македонија не се случува трговија со органи и нема простор за паника, одговори министерот за внатрешни, Oливер Спасовски на шпекулациите за исчезнатите луѓе.

Во изминатиот период, исчезнаа повеќе лица во Македонија. Исчезна баба од 88 години од Ѓорче Петров, претходно исто постара жена од Куманово исчезна, а вчера Горан Атанасовски од Скопје е најден мртов во бездна во Нерези. 

Слично

Поврзани вести