ПОВИК ОД ВМРО-ДПМНЕ: Невладините, синдикатите, стопанските комори да се вклучат во креирањето на изборната програма
ВМРО-ДПМНЕ од денес упатува
јавен повик за учество во изработката на
Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за
предвремените парламентарни избори
до сите невладини организации,
здруженија на граѓани, синдикати,
стопански и останати комори, и останати
заинтересирани субјекти да се вклучат
во нејзината изработка.
„Ќе стапиме во контакт со сите
заинтересирани субјекти и ќе
договориме средби и начин за
понатамошна соработка“, изјави Игор
Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Се надева дека оваа алатка многу ќе придонесе за изборната програма.
„Ние сме убедени
дека граѓаните и сите чинители во
државата кои и сакаат подобра иднина
на Македонија ќе се вклучат и ќе
помогнат во изготвување на
победничката изборна Програма“, рече Јанушев.
Европската иднина може да се обезбеди
само со многу труд, работа, посветеност
и обнова кои ќе донесат благосостојба на
граѓаните на Република Македонија, вели тој.
