Повик до љубителите на природата за чистење на Козјак
Акција за чистење на езерото Козјак се спроведува денеска по повод Денот на планетата Земја, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, здружението „Гоу Грин“ и фондацијата „ЦНВП Македонија”.
Во акцијата најавено е дека ќе се вклучи и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.
Кон акцијата се приклучија и Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Агенцијата за млади и спорт, општина Македонски Брод со комуналното претпријатие, ЈП „Јасен“, Асоцијацијата на колективни постапувачи со отпад, Црвниот крст на Македонија, кајакари, нуркачи, планинари, граѓански здруженија и претставници од дипломатскиот кор.
Организаторите ги повикуваа сите љубители на чистата животна средина да се приклучат кон оваа еколошка акција, да поминат еден ден во природа покрај езерото во исто време давајќи придонес кон чистотата и убавината на неговата околина.
