Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повик да се почнат преговори со Македонија и Албанија

Повик да се почнат преговори со Македонија и Албанија

Да се отворат пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, повикаа пратениците на Надворешно – политичкиот одбор на Европскиот парламент (АФЕТ).

Велат дека Албанија и Северна Македонија ги завршија нивните домашни задачи, неопходни за отпочнување на пристапните преговори.

Во соoпштението на ЕП стои дека 2019 година е клучна за Северна Македонија и Албанија, поради фактот дека земјите – членки во јуни ќе одлучуваат за подготвеноста на тие земји за отворање на пристапните преговори.

Пратеникот Туне Келем, кој ја предводеше оваа делегација истовремено предупреди дека и покрај покажаната одлучност во спроведувањето на реформите постои недостиг од национално единство, што може да го наруши процесот на ЕУ-интеграциите на Северна Македонија и Албанија.

Делегација на Надворешно – политичкиот одбор на Европскиот парламент која од 27 февруари до 1 март престојуваше во Тирана и во Скопје ги повика двете земји да го задржат фокусот на реформите. Тука се мисли на реформи во правосудството, економијата, владењето на правото и јавната администрација.

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, потврди дека извештаите за земјите од Западниот Балкан нема да бидат објавени во април поради европските избори. Хан вели дека целта е извештаите да бидат „темелно дискутирани“.

Со месеци веќе се говори дека поради чувствителноста на овие парламентарни избори во ЕУ, извештаите би можеле да бидат одложени најрано до неделата по изборите, односно првата недела во јуни, што би овозможило до јунскиот Совет да бидат одобрени заклучоците на Европската Комисија од страна на земјите членки. Но, еврокомесарот не ја исклучи можноста извештаите да се објават и подоцна.

Слично

Поврзани вести