Повеќето Македонци го поддржуваат договорот за добрососедство со Бугарија
Поголем дел од граѓаните (48,7%) го поддржуваат Договорот за добрососедство со Бугарија и сметаат дека тој ќе ги унапреди односите со источниот сосед (55,4%), покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) во период од 31 јануари до 4 февруари.
Според истражувањето, 42,7 % од испитаниците сметаат дека македонската страна добро ги водеше преговорите со Бугарија за Договорот за добрососедство, со кој се затвори ова отворено прашање.
Во однос на земањето бугарски пасоши на македонските граѓани, речиси идентичен е бројот на граѓаните кои ова го поддржуваат (36,9%), и на оние кои ова не го поддржуваат (35,1%).
Ставот на македонските граѓани за нивните соседи е различен, од преовладувачко позитивно мислење за Србија (78,6%), за Бугарија (58.8%) и за Грција (55.7%), до преовладувачко негативно мислење за Албанија (46,9%) и за Косово (49,1%), при што ставовите на испитаниците во однос на Грција и Бугарија се речиси непроменети во однос на ставовите на испитаниците добиени преку анкета во 2017 година.
