Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе жени во тимот значи рамноправност во бизнис практиката

Повеќе жени во тимот значи рамноправност во бизнис практиката

На меѓународниот празник на сите жени во светот, кога се слави борбата за рамноправност меѓу мажите и жените, ви ја претставуваме компанијата Халк Осигурувањекаде родовата еднаквост не е само идеал, туку реалност. Во оваа осигурителна компанија рамноправноста е вградена во самото срце на нивната работна средина. Со 64% жени од вработените, фирмата демонстрира ангажман кон инклузивност и еднаков третман на сите свои вработени.

Во Халк Осигурување, нема место за стереотипите кои ги разликуваат мажите и жените во работниот свет. Вработените, независно од полот, добиваат иста можност за напредок и развој во своите кариери. Платата се доделува според учинокот, а не врз основа на полот, што го потврдува ангажманот на компанијата кон родова еднаквост.

Оваа компанија не само што ги промовира вредностите на родовата еднаквост, туку и ги вградува во сите аспекти на своето работење. Оваа фирма претставува пример за успешна интеграција и рамноправност во бизнис практиката, поттикнувајќи го напредокот и развојот на сите свои вработени.

„Во Халк Осигурување, родовата еднаквост е реалност. Нашите бројки кажуваат повеќе од зборови. Со гордост можеме да кажеме дека 64% од нашите вработени се жени и  66% од раководните позиции се исто така,  жени. Посветени сме на обезбедување еднакви можности за раст во  рамките на нашата компанија, без разлика на полот.Еден од начините на кои ја демонстрираме нашата посветеност на родовата еднаквост е да се осигураме дека нема родов јаз во платите во нашата организација.

Нашето основно верување е дека секој, без разлика на полот, треба да биде фер платен за својата работа. Понатаму, обезбедуваме еднакви можности за раст и напредок во кариерата и на мажите и на жените“, со гордост изјави Селин Шакарер, извршна директорка и член на управен одбор во Халк Осигурување.

Селин е дел од оваа компанија од 2022 и во неа се труди да ги имплементира сите претходни искуства собрани од повеќе од дваесет и пет години работа во областа на осигурувањето. Со себе, освен искуство и вештини за водење успешни тимови, гордо ги понесува и компаниските и културните вредности на турските компании и турското општество и потенцира дека компанијата има стабилна основа и се потпира на здрава и разумна методологија со фер плеј игра.

Понатаму таа дава одлични совети за сите жени кои имаат амбиција да бидат на раководни позиции:

1. Верувајте во себе и во своите способности.

2. Не плашете се да преземете предизвици и да зборувате за она во што верувате.

3. Опкружете се со поддржувачки ментори и сојузници кои можат да ви помогнат и да ве водат на вашето патување.

4. И секогаш настојувајте да ги подигнете другите жени и да го поддржите и нивниот успех.

Заедно, можеме да создадеме поинклузивен и пофер свет.

Елена Петровска која е на чело на сектор за прием во осигурување и развој на продукти во однос на тежината на работа во компанија каде речиси две третини се жени вели дека:

„Работењето во претежно женски тим не би го опишала како лесно или тешко. Сите ние пред сѐ сме луѓе, секој со свои карактерни особини и тука сме тимски да работиме и да ја водиме компанијата напред. Но, затоа би кажала зошто е добро да се работи со жени. Во принцип, жените се доста детални, прецизни и педантни, карактеристики кои се многу важни квалитети за економско-правна професија како што е осигурителниот сектор“.

Професионалниот пат во осигурителниот бизнис на Елена трае веќе 21 година. Веднаш по завршувањето на Економскиот факултет, се вработува во осигурителна компанија од каде почнува да ја гради својата кариера.

Таа ја истакнува предноста на жените во однос на мажите при носење менаџерски одлуки. „Жените се интуитивни и знаат да ги вклучат емоциите при носење одлуки. Јас лично, како жена на раководна позиција, повеќе сакам да носам одлуки базирани на факти, но во ситуации кога фактите за и против се израмнети, најверојатно е да пресуди интуицијата“, вели Елена.

Агнеса Абдулаи игра клучна улога како директорка на дирекцијата за правни работи и човечки ресурси. Нејзината ангажираност и преданост кон промовирање на рамноправните работни практики има голема вредност за компанијата.

„Жените се предодредени за ‘мулти таскинг’, па несомнено таа додадена вредност ја носат и во деловното опкружување. Во Халк Осигурување  се покажало дека жените поседуваат одлични аналитички вештини, иновативни се и придонесуваат кон динамична и позитивна работна средина. Покрај тоа, лично верувам во создавање средина во која што секој, без разлика на полот ќе се чуствува слободен да донесе своја автентичност!“, потенцира Агнеса.

Приоритетот на Агнеса е задоволството, развојот и мотивацијата на вработените. Таа силно верува во динамична култура на работното место и поттикнување на средина која поддржува професионален раст.

За Агнеса, од особено значење е жените да бидат препознаени за нивните способности и достигнувања и сѐ повеќе да им се дадат можности тие способности да ги покажат во менаџерски улоги.

Таа истакнува дека можностите за кариерен напредок се еднакво отворени за сите вработени.

„Жените ја завршуваат работата“, нагласува Соња Паневска, директорката на дирекцијата за банкоосигурување во Халк Осигурување. 

Примерот на професионалниот пат на Соња го потврдува претходно кажаното, бидејќи таа успеала од референт за банкарски операции во 2007 година да стигне до висока позиција со посветеност и напорна работа низ текот на годините.

Приватно,остварена како сопруга и мајка на 10 годишниот Борјан, на прашањето: каде полни батерии, без размислување одговори - Маврово, каде го поминуваат секој слободен викенд и го користат да прошетаат на чист воздух.

Понатааму таа додава: „Jа имам таа среќа да работам во тим составен од жени кои ги красат особини на организираност, педантност и проактивност што на крајот на денот резултира со завршена работа. Убедена сум дека жените се одлични организатори бидејќи природно и интуитивно се водени да ги менаџираат приватните обврски од секојдневниот живот.Kонкретно, за жените од мојот тим можам да кажам дека имаат сила, знаење и енергија да поместат граници и да ги побијат сите предрасуди за понежниот пол“.

Според нејзино мислење, секоја позиција, во која било институција, без разлика дали е раководна или не, жените ја работат со 100 проценти посветеност и со максимален капацитет.

„Тоа значи дека како индивидуи, жените многу лесно се прилагодуваат на менаџерски позиции кои подразбираат преземање одговорност и носење одлуки.Денешниот брз начин на живот бара добар time менаџмент и секако голема поддршка од најблиските што јас лично ја имам безрезервно“, потенцира Соња. 

ПР објава

Слично

Поврзани вести