Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Грчките гости најбројни во февруари

ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Грчките гости најбројни во февруари

Расте бројот на туристички посети во Македонија. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2017 година изнесува 36 869, а бројот на ноќевањата е 79 860.

Земјава ја посетиле 3608 Грци, 2011 Албанци, 1715 Бугари, 2051 гости имало од Косово, 2.435 од Србија, 2.159 од Турција, 444 од Италија, 932 од Германија, 515 од Словенија, а другите се во помал број. 

Најмногу посетители или над 13.000 имало во Скопје. 

Бројот на туристите во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, е зголемен за 13.6%, а бројот на ноќевањата пораснал за 10.3%.

Домашните туристи во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, ги имало 15.9% повеќе, а бројот на странските туристи е зголемен за 12.2%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, е  намален за 1.1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 17.8%.

Во периодот јануари-февруари 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на  туристите е зголемен за 13.4% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 12.7%, а кај странските има  зголемување за 13.9%.

Во периодот јануари-февруари 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на  ноќевањата е зголемен за 11.1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.2%, а кај странските има зголемување за 16.6%.

Слично

Поврзани вести