ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ, ПОВЕЌЕ НОЌЕВАЊА: Грците биле најчести гости во земјава
Бројот на туристите во јануари 2017 година изнесува 43 220, а бројот на ноќевањата изнесува 87 894, се гледа од податоците на Државниот завод за статистика.
Најчести гости во Македонија се Бугарите, Турците, Грците, Албанците, Србите, граѓаните на Косово, а од другите земји бројот на посетители е помал. Македонија ја посетиле 3.764 Грци, 3.380 Бугари, 2.474 Турци и други.
Бројот на туристите во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 13.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 11.7%.
Бројот на домашните туристи во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 10.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 15.5%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 8.1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи пораснал за 15.2%.
Бројот на туристите во јануари 2017 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 2.7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 15.7%, а кај странските има намалување за 5.1%.
Бројот на ноќевањата во јануари 2017 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 8.4% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 24.3%, а кај странските има намалување за 2.8%.
