Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВЕЌЕ СТРАНЦИ, А ПОМАЛКУ ДОМАШНИ ТУРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Уште поголемо е намалувањето на ноќевањата од домашните гости

ПОВЕЌЕ СТРАНЦИ, А ПОМАЛКУ ДОМАШНИ ТУРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА:  Уште поголемо е намалувањето на ноќевањата од домашните гости

Зголемен e број на странски туристи, a намален e бројoт на домашни посетители. 

Најновите податоци ги објави Државниот завод за статистика(ДЗС). Во јануари 2025 година Македонија ја посетиле вкупно 49.870 туристи, од кои 36,8 отсто се домашни, а 63,2 отсто се странски туристи. Остварени се 106.894 ноќевања, од кои 42,5 отсто се од домашни туристи, а 57,5 отсто од странски.

Во споредба со истиот месец лани, вкупниот број на туристи е зголемен за 4,4 отсто, додека бројот на ноќевањата има раст од 4,7 отсто. 

Во јануари 2025 година бројот на домашните туристи е намален за 4,9 отсто, а бројот на ноќевањата од домашни посетители бележи уште поголемо намалување од 7,9 отсто. Oд странците, Турците се најбројни гости, а потоа следат  туристите од соседните држави. 

foto freepik.com/jannoon028

Слично

Поврзани вести