Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе пунктови за тестирање, бара Кризниот штаб од Куманово

Повеќе пунктови за тестирање, бара Кризниот штаб од Куманово

Повеќе пунктови за тестирање за коронавирус. Ова го бараат од Кризниот штаб во Куманово. 

Бараат Владата да го задолжи Институтот за јавно здравје правовремено да ги објавува резултатите од тестирањето за Ковид-19. 

Се бара и уредба со која ќе се измени и дополни Законот за домување, за станбените домари да се задолжат да вршат редовна дезинфекција во зградите. 

„Се задолжува општината да го затвори времениот зелен градски пазар, а на главниот градски пазар да ја врши дејноста како што претходно е наложено од ОШЗС и почитување на препораките донесени од Владата. Општината да направи реорганизација во работата на техничкиот и друг персонал во Домот за стари лица ‘Зафир Сајто’ – Куманово и по потреба да вклучи друг технички персонал од други јавни установи за потребите на домот, за да се обезбеди негово непречено работење“, се вели во соопштението.

За сите шпедиции, банки и други даватели на услуги, кои работат на граничниот премин Табановце, се препорачува да го уредат својот начин на работење согласно уредбите и препораките на Владата.

Општината да го затвори градскиот парк „Соколана“, а граѓаните да не ги користат детските и забавни паркови кои се означени со ленти дека се затворени.

Куманово денеска изгуби двајца граѓани кои починаа како последница на компликации од коронавирусот. 

Првата жртва е повозрасно лице, а втората е 27 годишната родилка. 

Куманово има 130 заразени. 

Слично

Поврзани вести