Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе пракса за идните средношколци

Повеќе пракса за идните средношколци

Повеќе пракса ги очекува идните ученици во средното образование во Македонија.  Со реформите коишто  се подготвуваат во сферата на образованието идните ученици ќе имаат многу повеќе пракса. Посебно оние ученици кои одбрале свето образование да го продолжат во средно стручните училишта.

„Мораме од корен да го смениме образовниот систем за учениците во средно стручните училишта, како и секаде во светот така и кај нас мораме да воведеме повеќе пракса.  Дел од образованието кој многу ќе им помогне на учениците во полесно наоѓање на стручна работа“, изјави Заев во интервју за телевизија 1ТВ.

Владин тим на чело со министерот за образование, заменик министерот и други стручни лица веќе работат на овие реформи.

Исто така, премиерот спомна дека Германија како образовен систем не дозволува запишување на факултет на ученици кои покажале слаб просек во средното училиште, меѓутоа не потврди дали истиот ситем ќе го применува и нашето образование. Останува да видиме. 


Слично

Поврзани вести