ПОВЕЌЕ ПАЦИЕНТИ ЌЕ СЕ СНИМААТ: Инсталирани Тесла апаратите за магнетна резонанца
За првпат во јавното здравство, во нашата држава, се инсталираат два апарати за магнетна резонанца со јачина од 3 Tesla. На овие апарати ќе се прават најсовремени снимки со што ќе се овозможи најпрецизна дијагноза за многу болести кај наши пациенти, напиша денеска на фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

„Еден од модулите за дијагноза ги нема ниту во центрите во регионот. Во ЈЗУ Универзитетски Институт за радиологија во Скопје традиционално се дијагностицираат најкомплексните состојби во медицината кај нас. Со новите апарати капацитетот на Институтот ќе се зголеми за 50 отсто, а пациентите повеќе нема да чекаат, вели Филипче.

Слично
