Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе опозициски портали беа паднати - Немало хакерски напад

Повеќе опозициски портали беа паднати - Немало хакерски напад

Вчера повеќе опозициски портали беа недостапни за читателите по што се јавиле сомнежи дека станува збор за организиран хакерски напад, но за оваа „теорија“ засега нема докази бидејќи објаснувањето најверојатно е многу поедноставно. 

Портали како Фокус, Нова ТВ, Либертас, СДК, Локално, ПлусИнфо, МКД како и на електронските изданија на дневните весници „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вечер“ се хостирани кај еден провајдер, а тоа е Унет од каде пак, објаснуваат дека се соочиле со вообичаен технички проблем кој е надминат.

- Проблемот се случил синоќа додека сообраќајот на порталите бил мал затоа и не се активирале заштитните механизми. Се работи за линковски проблем и некако не станува збор за сајбер-напад. Работиме на проблемот и се надеваме дека за кратко време ќе биде решен. Потенцирам дека не станува збор за никаков напад – изјави Антони Пешев, директор на Унет за Мета.


Слично

Поврзани вести