Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА МАКЕДОНЦИ САКААТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ - најмногу ги преферираат Спутник и Фајзер

ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА МАКЕДОНЦИ САКААТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ - најмногу ги преферираат Спутник и Фајзер

Половина од граѓаните во Македонија би се вакцинирале против ковид, а секој десетти македонец верува дека коронавирусот не постои. 

Ова го покажува истражувањето кое за потребите на Владата на средината од март го спровела агенцијата Индаго.

Според истражувањето, 51 отсто од граѓаните би примиле вакцина, 18 проценти се уште размислуваат, а 28 отсто рекле дека нема да се вакцинираат..

Според податоците, 11 отсто од граѓаните сметаат дека коронавирусот не постои, додека 3 отсто немаат одговор на ова прашање. Вирусот е реалност за 86 проценти од анкетираните граѓани.

Истражуваето покажало дека на Македонците омилена вакцина им е Сптуник В.

За нејзе се изјаниле 65 отсто од испитаните додека 61 отсто би се вакцинирале со Фајзер. За кинеската вакцина се определиле 50 отсто.

Најмногу граѓани или 55 отсто рекле дека не би се вакцинирале со АстраЗенека.

Повеќето од половината граѓани (56 отсто) кои веруваат дека постои вирусот ќе се вакцинираат против корона, додека 19 отсто од испитаниците кои веруваат во корона сеуште не се одлучиле дали ќе се вакцинираат, а 24 отсто нема да се вакцинираат. 

Повеќе од една третина (37 отсто) од испитаниците се согласуваат со најголемиот дел од мерките донесени од Владата за спроведување со Ковид-19. 

Дополнително на ова, најголема согласност се забележува кај испитаниците на возраст од 60 до 69 годишна возраст. 

Поголемиот дел (73 отсто) граѓаните веруваат дека преку вакцинација се намалува процентот на заболени од заразни болести. Од граѓаните кои веруваат дека преку вакцинација се намалува процентот на заболени од заразни болести, 63 отсто ќе се вакцинираат против Ковид-19, 17 отсто сеуште не се одлучиле додека пак 18 отсто од нив нема да се вакцинираат. 

Најголема заинтересираност за вакцинација може да се забележи кај граѓаните 50+ наспротив помладата популација. 

Во однос на етничката припадност околу една третина од Албанците и граѓните од друга етничка припадност нема да се вакцинираат споредбено со граѓаните од македонска етничка припадност. 

Повеќе од половина (50 отсто) од граѓаните прво би чекале потврда за успешноста на вакцината од случаи кои ги познаваат наспроти 42 отсто кои веднаш би се вакцинирале.

Граѓаните сметаат дека спроведување на вакцинација на поголемиот дел од населението е исклучително и многу важно (67 отто), наспроти 13 отсто кои сметаат дека вакцинацијата на поголем дел од населението не е важна. 

Дополнително, околу две третини од граѓаните сметаат дека вакцинирањето треба да биде доброволно. 

Од друга страна пак 33 отсто сметаат дека треба да биде задолжително. Кај возрасните категории можеме да забележиме дека како возраста е поголема така доброволноста на вакцинација се намалува.

Слично

Поврзани вести