Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе од илјада службени возила пријавени во „Антикорупциска“ не се во возна состојба

Повеќе од илјада службени возила пријавени во „Антикорупциска“ не се во возна состојба

И покрај истекот на рокот, помалку од половина од јавните институции на државата ги поднеле податоците за своите службени возила до Државната комисија за спречување на корупцијата по распишувањето на локалните избори.

Тие беа должни до 18.8.2025 година, до 24 часот, да достават јавни податоци до ДКСК за бројот, видот, регистарските таблички и возната состојба на сите службени возила со кои располагаат институциите. 

До 29 септември 2025 година 635 институции доставиле податоци, односно 42 отсто, а 879 институции, односно 58 проценти, воопшто не доставија податоци. Од 635 институции што доставија информации, 63 %, односно 403 тоа го сторија во законскиот рок и пријавија 4.079 возила, а 232 институции податоците за 2.558 возила ги доставија по истекот на рокот. 

Од доставените податоци од 635 институции во регистарот досега се објавени информации за 578 институции, кои располагаат со 6.637 возила, а 57 институции известија дека не располагаат со возила. Од вкупно 6.637 возила внесени во регистарот на возила, 5.456 се во возна состојба, 1.003 не се во возна состојба, а за 178 возила воопшто нема податоци за возната состојба. 

Од 879 институциите што не доставиле информации, според податоците на МВР, констатирано е дека 192 институции располагаат со 2.028 возила, но не доставиле никакви информации до ДКСК. 

Слично

Поврзани вести