Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе од двојно намалување на новозаболените - 79 позитивни, двајца починати

Повеќе од двојно намалување на новозаболените - 79 позитивни, двајца починати

Во последните 24 часа во земјава се регистрирани 79 нови случаи на „Ковид-19“ и двајца пациенти го загубија животот, додека се извршени 835 тестови. 

Овие бројки ги објави Институтот за јавно здравје. 

Новите случаи се регистрирани следниве градови: Скопје 44, Куманово 9, Штип 3, Прилеп 1, Тетово 8, Струга 1, Велес 3, Битола 1, Охрид 1, Гостивар 6, Виница 1 и Неготино 1

Од двајцата пациенти кои починале, едниот е од Прилеп, а другиот од Струмица.

Ова значи дека има за повеќе од двојно повеќе намалување на бројката на новозаболени во однос на вчерашниот ден, кога беа регистрирани 180 нови заболени пациенти од коронавирусот. 

Претходно објавивме информација дека бројот на новозаболени денеска ќе биде сличен како и вчера, што се базираше на извори од Комисијата за заразни болести.

Слично

Поврзани вести