Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе од 95.000 граѓани досега се избориле со коронавирусот

Повеќе од 95.000 граѓани досега се избориле со коронавирусот

Повеќе од 95.000 граѓани во Македонија досега се избориле со коронавирусот откако почна епидемијата. 

Досега во земјата се направени вкупно 544.816 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.479, бројката на оздравени пациенти е 95.410, на починати е 3.206, а бројот на активни случаи изнесува 8.863. За 24 часа има 11 починати и 316 нови случаи на коронавирусот. 

Министерстeрот за здравство, Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на ГККШ предложи воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава. Министерот образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Владата утре ќе донесе конечна одлука. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести