Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе од 90 отсто од средношколците сакаат да одат во школо: Анкетите при крај, но властите категорични за онлајн настава

Повеќе од 90 отсто од средношколците сакаат да одат во школо: Анкетите при крај, но властите категорични за онлајн настава

Во повеќе скопски гимназии, според досега напревените анкети, родителите на средношколците, а и самите ученици се изнјасниле дека сакаат новата учебна одложена година да ја започнат со физичко присуство. Незадоволни од начинот на кој заврши второто полугодие од претходната 209/20 година, но и предлогото седење дома, сметаат дека само ќе направи уште поголеми „дупки“ во образовниот процес. Фактор на оваа тема поразговара со десеттина средношколци од прва до четврта година кои учат во неколку различни гимназии во Скопје, а нивните одговори се речиси иднетични.

-Во нашиот клас, во гимназијата „Никола Карев“ има 33 ученици. За физичко присуство пријавени сме 30, само тројца од класот сакаат онлајн настава. Голем е бројот на оние кои сакаме да одиме во училиште и во другите класови. Онлајн наставата беше крајно ужасна. Ништо не научивме, оние пропусти кои ги имаме никогаш нема да успееме да ги надополниме. Мајка ми ја пополни анкетата уште на 2.септември, кога класната им побара на сите родители да се изјаснат во нашата група на Вибер, но ова што сега го слушаме е повеќе од разочарувачко. Значи буквално за ништо се прават овие анкети, кога веќе е решено повторно да останеме дома пред компјутерите, вели ученичка во трета година во гимназијата „Никола Карев“.

Тие прашуваат зошто е проблем да одат во школо кога и онака секоја вечер се излезени и ретко кој од нив ги носи заштитните маски, а уште помалку одржуваат растојание. Освен тоа, дел од нив кои сакаат образованието да го продолжат надвор од Македонија, стравуваат дека нема да успеат да се квалификуваат со ваков начин на настава.

-Сега сум четврта година во Корчагин, гимназијата која се уште е на врвот во Македонија. Но, знам дека тоа што тука го стекнуваме како знаење, не е доволно за да бидеме на исто рамниште со нашите врсници од другите европски земји. Имам многу другари и другарки кои излегоа од Корчагин, студираат во Словенија, Франција, Холандија, и постојано сум во контакт со нив. Велат дека треба многу повеќе да учиме за да ги фатиме конците и истиот чекор кој го прават нашите врсници. Не треба категорично да ни се наметнува онлајн наставата, ние и онака секој ден се дружиме, одиме на журки, излегуваме во градскиот парк каде што е преполно, никој не носи маска, а верувам дека во училиштето контролата ќе биде на највисоко ниво, заради што нема да постои ризик да се заразиме со корона вирусот, истакнува Драган Ј., од гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ од Скопје.

Истовремено реагираат и нивните родители и велат дека оваа неизвесност предолго трае. Сметаат дека треба да се направи решителен чекор како во останатите земји, па ако е потребно нека ги затворат училиштата каде што ќе се појави заболувањето.

-Треба да бидат спремни за онлајн настава само во случај да се појават новозаразени во некои од училиштата, но според мене децата треба да почнат да одат во школо. Ова се веќе живи нервози. Не ми е јасно од што толку се плашат властите. Нели и самите велат дека се е подготвено за евентуалниот есенски бран. Направија монтажни болници, амбуланти и така натаму, практично се фунционира, се е отворено, само училиштата не работат. Ова може да трае и пет години, треба ли учениците да заборават како изгледаат школските клупи, прашува Лидија М, мајка на ученичка во вотора година во гимназијата „Јосип Броз-Тито“.

Анкетирањето е при крај бидејќи сите податоци со број на ученици по паралелки и во основните и во средните училишта треба да бидат предадени во Министерството за образование најдоцна до 10.септември. Инаку, министерот за здравство, Венко Филипче вчера истакна дека само околу 300 училишта ги исполнуваат условите за настава со физичко присуство и тие може да побараат дозвола за одржување класична настава, која ја издава посебна Комисија составена од членови на МОН, од Министерство за здравство и од кабинетот на Претседателот.

Анита Буховски

Слично

Поврзани вести