Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе од 86.000 луѓе досега се изборија со коронавирусот

Повеќе од 86.000 луѓе досега се изборија со коронавирусот

Во земјава досега повеќе од 86.000 луѓе се изборија со коронавирусот. 

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.736, бројката на оздравени пациенти е 86.844, на починати е 2.959, а бројот на активни случаи изнесува 5.933.  Граѓаните веќе можат да се пријавуваат за примање на вакцина. 

Утре Македонија ќе ги добие од Србија првите дози вакцини против коронавирусот. 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе му го предаде на премиерот на Зоран Заев, првиот контингент вакцини што Србија ги донира на земјава.

Во меѓувреме пристигна владиното соопштение во кое се наведува дека утре во 14:00 часот на граничниот премин Табановце премиерот Зоран Заев ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателот на Република Србија Александар Вучиќ со која ќе пристигне и првата пратка на вакцини.

foto freepik

Слично

Поврзани вести