Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе од 68.000 луѓе во Македонија го победија коронавирусот

Повеќе од 68.000 луѓе во Македонија го победија коронавирусот

Над 68.000 луѓе во Македонија го победија коронавирусот. 

Бројката на оздравени пациенти е 68.695, објави денеска Министерството за здравство. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87.590, на починати е 2.657, а бројот на активни случаи изнесува 16.238.

Во последните 24 часа се направени 2543 тестирања, а регистрирани се 477 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-221, Куманово-27, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-24, Тетово-12, Струга-3, Велес-7, Битола-15, Охрид-17, Кавадарци-20, Гостивар-18. 

Понатаму следат Гевгелија-5, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Крушево-5, Кочани-4, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-7, Валандово-2, Виница-4, Делчево-8, Кратово-2, Свети Николе-3, Кичево-7, Ресен-10, Неготино-2.

Слично

Поврзани вести