Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе од 4.000 луѓе користат социјална пензија, Царовска очекува дека бројот ќе расте

Повеќе од 4.000 луѓе користат социјална пензија, Царовска очекува дека бројот ќе расте

Социјална пензија користат 4.148 луѓе во Македонија. 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска попладе се сретна со корисници на социјална пензија од кумановскиот регион. Ова право е воведено од почетокот на годината со целосно нов Закон за социјална сигурност на стари лица, којшто е дел од пакет законите на социјалната реформа.

„Секој од нас заслужува достоинсвен живот во општетсвото, бидејќи сите заеднички сме допринеле во неговото градење. Само во кумановскиот регион досега месечниот надоместок од околу 6.000 денари го користат 218 лица, а на ниво на држава правото на социјална пензија го оствариле вкупно 4.148 и оваа бројка очекувам да се зголемува“, вели Царовска.

Таа ги повика сите возрасни лица коишто ги исполнуваат условите за стекнување со социјална пензија да поднесат барања во најблиските Центри за социјални работи.

Директорката на Центарот за социјални работи во Куманово Александра Арсовска, изјави дека сите корисници на социјалната пензија во зимските месеци добиваат дополнителни 1.000 денари како енергетски додаток. 

Во согласност со Законот право на надоместокот за социјална сигурност имаат лицата кои се на возраст од 65 години и немаат други извори на егзистенција. Тие треба да се македонски државјани најмалку 15 години, да не примаат старосна пензија, вклучувајќи ги и лицата без ден работен стаж. За домаќинствата каде што и мажот и жената ги исполнуваат условите за користење на социјална пензија месечниот надоместок го користи само еден член бидејќи станува збор за право од социјалната заштита и не е поврзано со ПИО.

Слично

Поврзани вести