Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе од 30 објекти се поплавени по обилните дождови во Виница

Повеќе од 30 објекти се поплавени по обилните дождови во Виница

Невреме ја зафати Виница, при што има поплавени објекти. 

Центарот за управување со кризи(ЦУК) попладнево соопшти дека по обилните врнежи од дожд во Виница како поплавени се пријавени 30 до 40 објекти.

На терен интервенираат од ЈКП „Солидарност“ Виница со една пумпа и двајца вработени, ТППЕ Виница со две пумпи и четворица пожарникари и од ТППЕ Кочани со три пумпи и шест пожарникари.

„Во моментов нема потреба од дополнителна помош и опрема“, се наведува во иформацијата што ЦУК ја објави на Фејсбук.

Претходните денови, невреме имаше во Кавадарци и Неготино. Нестабилното време продолжува. 

Слично

Поврзани вести