Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОВЕЌЕ ОД 1000 ЗЕМЈОТРЕСИ ВО 19 ДЕНА: Претпладнево нов посилен земјотрес во Охрид

ПОВЕЌЕ ОД 1000 ЗЕМЈОТРЕСИ ВО 19 ДЕНА: Претпладнево нов посилен земјотрес во Охрид

На подрачјето на охридското тло сеизмолзите не престануваат да детектираат земјотреси, а претпладнево е регистриран нов потрес со јачина од четири степени според Рихтер.

Земјотресот е регистриран во 11.12 часот со епицентар 7 км од Охрид и 1 км од Косел на длабочина од 1 километар.

Охридското сеизмолошко подрачје, кое го зафаќа охридско-преспанскиот регион, во текот на изминатите денови доживеал серија земјотреси, од кои најсилниот 5.1 степен по Рихтер, регистриран пред три дена.

Во изминатите 19 дена на тоа подрачје се регистрирани повеќе од 1000 земјотреси.

Центарот за управување со кризи и Институтот за земјотресно инженерство ги повикале граѓаните на смиреност, а Министерството за одбрана и Сојузот на извидници ги отворија своите кампови за сместување на граѓаните и туристи под отворено небо.


Слично

Поврзани вести