Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе нема да има избор на претседател на Собрание како со Талат Џафери

Повеќе нема да има избор на претседател на Собрание како со Талат Џафери

Повеќе нема да има избирање на претседател на Собрание по теркот на тој со актуелниот спикер Талат Џафери и дебатата ќе може да трае само три дена по што ќе мора да се прејде на гласање, според најавите за менувањето на собранискиот Деовник.

Претходно, откако ВМРО-ДПМНЕ по последните парламентарни избори откако го загуби парламентарното мнозинство го блокираше речиси половина година изборот на нов претседател на Собранието, а претходниот спикер Трајко Вељаноски се уште ги водеше седниците до недоглед. Кога мнозинството одлучи да гласа следуваше упад во Собранието од толпата на фамозниот „27 април“.

Следниот викенд во македонскиот парламент ќе се одржи нова рунда во рамки на процесот Жан Моне, а ова ќе треба да се договара помеѓу власта и опозицијата. На конференцијата  ќе учествуваат и двајца европратеници.  1ТВ дознава дека парламентарното мнозинство и опозицијата ги испеглале разликите околу начинот на изборот на собраниски спикер. Конститутивната седница за избор на  претседател на парламентот сега ќе трае само три дена, исто како и седницата за избор на Владата. 

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, тврди дека ќе следува опсежна ревизија на Деловникот, во кој ќе се менуваат и допрецизираат и други рокови.

Слично

Поврзани вести