ПОВЕЌЕ КОМУНИКАЦИЈА ИМАМ СО ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ОТКОЛКУ СО ГРУЕВСКИ - лидерот Мицкоски се чуди зошто тоа не го споменуваат неговите критичари
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека не е точно дека има комуникација со Никола Груевски, како и дека повеќе комуникација има со првиот претседател на партијата, Љупчо Георгиевски.
Ова тој го кажа во своето вчерашно гостување на телевизијата Алсат.
„Не, немам комуникација со Груевски. Да бидам искрен, повеќе комуникација имам со првиот претседател Љупчо Георгиевски. Зошто се чудам, зошто критичарите него не го спомнуваат. Црната кампања е полна со невистини, лаги, невистини“, рече Мицкоски.
Што се однесува до внатрепартиските избори во ВМРО-ДПМНЕ, вели дека внатрешната демократија во ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била доведена во прашање.
„Секој оној кој ќе ги исполни условите според Статутот, до самиот ден на Конгресот може да поднесе кандидатура. Јас ги охрабрувам сите кои сакаат, да поднесат кандидатура.
Не велам дека е совршено, има простор за напредок. Со новиот Статут направивме голем исчекор во однос на внатрешната демократија“, рече Мицкоски.
