Повеќе годишни времиња во една работна недела
Уште една променлива работна недела. Различни временски прилики, различни температури предвидуваат синоптичарите за третата работна недела од месец Април.
Понеделнички задолжително со чадор и потопла пролетна облека излезете од својот дом, бидејќи не очекува претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд. На места, особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи, предупредуваат метеоролозите. Утринските температури во земјава ќе се движат од 1 до 10 степени, а додека дневните температури денес се очекува да го достигнат максималниот 15 степен целзиусов. Кон крајот на денот врнежите се очекува да престануваат.
За вториот ден од оваа работна недела од хидрометеролошки завод велат дека ќе имаме променливо облачно време, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Со минимални температури од 2 до 8 степени, а максималните температури за вторник според синоптичарите ќе се движат од 13 до 18 степен.
На средината од работната недела се очекува пад на утринските температури, а зголемување на дневните. Односно минiмалните ќе се движат од -1 до 7 степени, додека максималните ќе достигнат 21 степен. Времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер, соопштуваат метеоролозите.
Во четврток ќе продолжи сончевото време, но со услови за дожд и грмежи. Со утрински температури од 1 до 8 степени, и дневни максимални 20 степени.
За крајот од оваа работна недела синоптичарите најавуваат сончево време со умерена облачност и максимални температури до 19 степен.
Исто така, најавуваат и сончево време за викендот по претходните два дождливи викенда.
