Економија, финансии, бизнис

Контакт

Повеќе автобуси ќе возат до Водно, граѓаните со зголемен интерес

Повеќе автобуси ќе возат до Водно, граѓаните со зголемен интерес

Од град Скопје тврдат дека кај граѓаните постои зголемен интерес за користење на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие по воведувањето на викенд забрана за движење со приватни моторни возила на планината Водно. Затоа ќе се зголеми бројот на градски автобуси со специјалните линии од кои две се сосема нови. 

Поради големиот интерес на граѓаните, автобусите на пробните линии 25А и 25Б до Средно Водно од овој викенд ќе сообраќаат според нов возен ред и ќе зачестат, односно ќе тргнуваат на половина час.

Според планот забраната ќе важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.

„За да им излезе во пресрет на граѓаните што сакаат да се рекреираат на Водно Градот Скопје воведе 2 (две) нови пробни автобуски линии што ќе сообраќаат по принципот на шатл-линии, односно, автобусите ќе се полнат со патници на почетната станица и ќе возат без застанување до Средно Водно“ соопштуваат од град Скопје..

Возењето на овие три автобуски линии (25, 25А и 25Б) на почетокот ќе биде бесплатно. Во пресрет на граѓаните, Градот Скопје обезбеди и бесплатно паркирање во катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат). 

Пробната линија со број 25А сообраќа на релација: Автомакедонија (Стара железничка станица) - Средно Водно, по следнава траса: булевар Свети Кирил и Методиј; булевар Мајка Тереза и обратно.

За линијата број 25A важи следниот возен ред:

Автомакедонија (Стара железничка станица)

Средно Водно

09:00

09:30

09:30

10:00

10:00

10:30

10:30

11:00

11:00

11:30

11:30

12:00

12:00

12:30

12:30

13:00

13:00

13:30

13:30

14:00

14:00

14:30

14:30

15:00

15:00

15:30

15:30

16:00

Пробната линија со број 25Б сообраќа на релацијата Дом на печат - Средно Водно, по следнава траса: булевар Свети Кирил и Методиј; булевар Мајка Тереза и обратно.

За пробната линија 25Б ќе важи следниот возен ред:

Дом на печат

Средно Водно

 09:15

09:45

 09:45

10:15

10:15

10:45

10:45

11:15

11:15

11:45

11:45

12:15

12:15

12:45

12:45

13:15

13:15

13:45

13:45

14:15

14:15

14:45

14:45

15:15

15:15

15:45


Слично

Поврзани вести