Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку куќи се дезинфицирани во скопско?

Колку куќи се дезинфицирани во скопско?

Веќе се дезинфицирани дел од куќите кои се исчистени од кал во селата Смилковци, Булачани, Инџиково, Сингелиќ и Стајковци.

Вкупната површина кој е дезинфицирана е 260.000 метри квадратни. Се прска и против ларви од комарци.  Направена е ларвицидна дезинсекција на Смилковско езеро и одводниот канал кај Стајковци.

Најмалку стотина жители од поплавените подрачја веќе примиле вакцина против тетанус.

Се советува при појава на кожни заболувања, диареја и повраќање, луѓето да заминат на доктор или да пријават кај патронажните сестри на терен.

Уште важи препораката луѓето од ранливите категории, децата, бремените жени, хронично болните - привремено да ги напуштат домовите, се додека не се санираат штетите.

Слично

Поврзани вести