Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОТВРДИЈА И ОД КАБИНЕТОТ НА ГОРДАНА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА - стигната е писмена оставка од Љубомир Фрчкоски

ПОТВРДИЈА И ОД КАБИНЕТОТ НА ГОРДАНА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА - стигната е писмена оставка од Љубомир Фрчкоски

Од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за МИА потврдуваат дека е стигната писмената оставка од Љубомир Фрчкоски, кој ја извршуваше функцијата амбасадор и постојан претставник во Обединетите нации.

Оставката, како што објавија дел од медиумите, е доставена и до Министерството за надворешни работи.

Фрчкоски на амбасадорката позиција во Њујорк беше назначен во 2022 година. Указот за неговото назначување го потпиша тогашниот шеф на државата Стево Пендаровски.

Слично

Поврзани вести