ПОТВРДЕНО: Груевски побарал азил во Тирана
Со азил во Амбасадата на Унгарија во Тирана, поранешниот македонски премиер Никола Груевски пристигнал во Унгарија, потврдија за Радио Слободна Европа од унгарското Министерство за надворешни работи.
„Барањето политички азил од Груевски не е политичко туку правно прашање и дека Унгарија работи на развојот на добрите билатерални односи со Македонија и дека и понатаму ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ“.
Во одговорот на прашањата од РСЕ, од Министерството велат дека тие немаат информации на кој начин Груевски ја напиштил Македонија, но додаваат дека „тој во Унгарија стасал согласно националните и меѓународните прописи“.
Претходно, од унгарското МНР велеа дека немаат информација како поранешниот македонски премиер стасал во Будимпешта.
