ПОТВРДЕНО: Груевски оди во затвор
Заврши долговременото чекање за потврда на двегодишната затворска казна на поранешниот премиер Никола Груевски, откако Апелациониот суд конечно се изјасни прифаќајќи ја истата одлука како Кривичниот суд, објави СДК.
Груевски ја злоупотребил функцијата за да врши притисок за купување на скап автомобил „мерцедес С-600 гард“ за свои потреби, додека казната на набавувачот Ѓоко Поповски му е намалена од 6,5 на 4,5 години.
Во моментов за случајот „Тенк“ се завршните зборови на тројцата адвокати на Груевски и на адвокатот на Поповски. Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ веќе рече дека нема да присуствува при носењето на судски одлуки, затоа што го знае исходот однапред и дека тој е политички монтиран.
Со потврдата на истата казна на Апелација тој нема право на жалба, но постојат вонредни правни лекови, односно осудениот има право да побара одлагање на казната, но само ако постојат оправдани и разбирливи причини за тоа. Адвокатите објаснуваат дека одлуката што ќе ја донесе Апелациониот суд е извршна, но не и конечна. Одбраната сигурно потоа ќе бара вонредно преиспитување на правосилната пресуда.
