Економија, финансии, бизнис

Контакт

Потврден црниот биланс - 35 починати бебиња за 3 месеци

Потврден црниот биланс - 35 починати бебиња за 3 месеци

Информацијата дека за првите три месеци од годинава починале вкупно 35 новороденчиња ја потврди и директорката на скопската Клиника за Гинекологија, доктор Викторија Јовановска , што според неа, се исто така алармантни бројки.

– Точно е дека во првите три месеци од 2018 година на клиниката починале 35 бебиња. Најчестите причини за зголемената смртност се недозреани бели дробови и сепса. Факт е дека смртноста мора да се намали. Досега се преземени мерки, но потребни се уште многу работи да се променат за да се намалат црните статистики – вели доктор Јовановска за „Фокус“.

Меѓу главните причини за високиот степен на смртност се недосозреаноста и други видови на компликации. 

Уште во февруари министерот за здравство Венко Филипче најави краткорчни мерки за намалување на смртноста на новороденчињата кои треба да ги почитуваат гинеколозите низ Македонија.

– Кога станува збор пак, за смртноста на новороденчињата, сакам да потенцирам дека таа во голема мера е последица на несоодветната грижа на мајката за своето здравје додека е бремена. Имено, сите податоци укажуваат на фактот дека најголем процент од починатите бебиња се родени предвреме. Малата родилна тежина, но и екстремна незрелост на виталните органи – белите дробови, црниот дроб и нервниот систем, доведуваат до фатален исход. А предвременото породување, од друга страна, е последица на инфекции кај мајката во уринарниот тракт или на репродуктивните органи. Затоа апелирам до идните мајки да бидат поодговорни и редовно и без исклучок да одат на гинеколошки прегледи – изјави Филипче.

Според податоците од Државниот завод за статистика, во 2016 година на 1.000 живородени починале 11,9 бебиња, што е двојно повеќе од европскиот просек.

Слично

Поврзани вести