ПОТВРДА ОД ТУРЦИЈА: Четирисет дена екстрадициски притвор доби Љупчо Палевски
Амбасадата на Република Северна Македонија во Анкара испрати допис до Министерството за правда во кој информира дека ни доставува добиена Нота од МНР на Република Турција, како одговор на Нотата доставена од Амбасадата на РСМ во Анкара од 06.12.2023 година, со која информираат дека врз основа на дописот добиен од Канцеларијата на главниот јавен обвинител Баликесир, определен е екстрадициски притвор за Љупчо Палевски, во траење од 40 дена, соопштија од Министерството за правда.
Палевски е осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес. Тој избега од Македонија, а турската полиција го уапси во градот Баликесир.
Слично
